Ѓоковиќ пред дуелот со Гофан: Не е лесно да се игра против мене, Федерер и Надал

Новак Ѓоковиќ денеска околу 14 часот на централниот терен го игра своето четврт-финале на Вимблдон против Давид Гофан и мисли дека овој меч ќе му буде најтежок досега на турнирот, но објаснува и каде е психолошката предност за него, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Играм многу добро, блиску сум до своето највисоко ниво, се надевам дека ќе останам до крај. Чувствувам дека имам шанса за титулата ако продолжам во ист ритам. Секако, ги гледам и ривалите, Федерер и Надал се најдоминатни и заедно со мене, се издвојуваат. Тежината на нашите имиња им прави притисок на противниците. Ги мотивира кога играат против нас, но им прави и притисок. Тоа е нешто што нам ни помага да ја преземеме контролата на мечот во рана фаза, особено тоа добро го прави Федерер. Ако го загубиш сервисот и тој набрзина го земе својот, веќе си во проблем, губиш 0-3, 0-4, и прави голема психолошка разлика. Тоа се некои психолошки игри кои ги чувствуваме на терен“, објаснува најдобриот тенисер на светот.

Популарниот Ноле игра со Белгиецот Гофан и смета дека 23-тиот на АТП-листата нема да се исплаши од него.

„Гофан сигурно нема да биде стегнат. Искусен е, во добра форма е, играл против мене на големи стадиони. Знам како игра, но не сме играле еден против друг на трева. Ако играм како во претходните кола, имам добри шанси за полуфинале“, вели Ѓоковиќ, кој во евентуалното полуфинале би се соочил со Роберто Баутиста Агут или Гвидо Пелја.

- Оглас -

Најнови вести