Ѓоковиќ пред Конорс, до крајот на септември ќе биде трет на вечната ранг-листа

Новак Ѓоковиќ ја брои 269-тата последователна недела на врвот на АТП ранг-листата и со тоа го помина Џими Конорс како четврти тенисер со најдолга низа на владеачката позиција. Српскиот тенисер до крајот на септември ќе избие на третото место бидејќи Иван Лендл е пред него со 270 недели на вечната листа.

Ѓоковиќ иако не ја одбрани титулата на ОП на САД, остана на првото место со 9 865 бода, 640 бода повеќе од второпласираниот Рафаел Надал. Сепак, до крајот на годинава Шпанецот има шанса да ја преземе лидерската позиција пред Ѓоковиќ.

На третото место и натаму е Роџер Федерер со 7 130 бода, а во топ 5 уште се Данил Медведев и Доминик Тим со 5 235, односно 4 575 бода. До десеттото место се: Александр Зверев, Стефанос Циципас, Кеј Нишикори, Карен Хачанов и Роберто Баутиста-Агут.

На вечната ранг-листана АТП според бројот на преседани недели, води Роџер Федерер (310), па Пит Сампрас со 286 недели и Иван Лендл со 270.

 

- Оглас -

Најнови вести