20.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Ѓоковиќ прилично лесно до полуфинале во Шангај, а со една нога е и во финале

Српскиот тенисер и прв фаворит за освојување на Мастерсот во Шангај, Новак Ѓоковиќ, со 6-3, 7-5 го победи Белгиецот Зизу Бергс и се пласира во полуфиналето.

Новак можеше и малку порано да ја заврши работата, водеше со 5-4 и сервираше, но противникот направи брејк за 5-5, пред Ѓоковиќ да запне и сепак да не дозволи да се игра и трет сет во Шангај.

Во полуфиналето Ѓоковиќ треба да се сретне со сензацијата, 204-то рангираниот на АТП, Валентен Вашеро, кој денеска во четвртфиналето беше подобар од Холгер Руне. Кога се направи ждрепката, предвидено беше во полуфинале да има мегапресметка на Ѓоковиќ со Јаник Синер, но Италијанецот предаде меч во второто коло, па на Србинот му е олеснет патот до титулата.

- Оглас -

Најнови вести