Ѓоковиќ призна: Синер е најдобар тенисер во светот!

Новак Ѓоковиќ лошо ја започна сезоната и по првите три месеци уште нема освоено ниту една титула во 2024 година. Српскиот тенисер моментално се наоѓа во Монте Карло каде се подготовува за мастерс турнирот. Популарниот Ноле уште е на првото место на АТП ранг листата, но свесен е дека во последно време има тенисер кој е во подобра форма од него и е подобар во моментов.

„Јаник е најдобар тенисер до сега во оваа година. Имаше неверојатни успеси. Многу напредуваше. Генерално, со неговите движења, играта, сервисот, и менталната способност, секогаш бил тука некаде. Разликата е тоа што Јаник во последните шест месеци многу почесто ги добива големите мечеви. Тоа се стекнува со искуство и покажува дека веќе го има“, искрен е Ѓоковиќ.

Според ждрепката на мастерсот во Монте Карло, Ѓоковиќ ќе има прилично тежок распоред, а и самиот вели дека не е голем оптимист за успех.

„Сепак, очекувањата не се толку големи, посебно поради начинот на кој игра во 2024 година, но и резултатите кои ги имам во Монако во последните години. Во 2013 и 2015 година го освојував овој турнир, но тоа беше оддамна. Во последните пет-шест пати немав голем успех на овој турнир и се надевам дека тоа може сега да се промени“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести