Карлос Алкарас продолжува со перфектниот старт на новата сезона. Откако триумфираше на Австралија опен (седум победи) и Катар опен (пет победи), шпанскиот тенисер без никакви проблеми почна со победа и на Индијан Велс. Од почетокот на 2026 година, Алкарас има 13 триумфи во исто толку дуели.
Рекордер по број на победи во низа од почеток на една сезона е Новак Ѓоковиќ. Србинот во 2011 година доминираше и нареди неверојатни 41 победи по ред. Запрашан дали Алкарас оваа година може да го надмине тој рекорд, Ѓоковиќ одоговори:
„Да, Карлос може тоа да го направи. Има сѐ што му е потребно – игра, прилагодување на секоја подлога, кондиција и брза рехабилитација. Тој мора да го чува своето тело. Ако тоа го направи како што треба мислам дека може да го освои секој турнир на кој ќе игра. Тој веќе прави некои историски работи во нашиот спорт, а е толку млад. Но, да освои 40 победи по ред во една сезона… Јас неколку пати имав таков старт на сезоните. Мислам дека два пати имав преку 25 победи по ред, но многу е напорно да се продолжи во ист ритам. Тоа е сериозен предизвик“, вели Ѓоковиќ.


