Новак Ѓоковиќ триумфира на турнирот од серијата Мастерс 1000 кој се игра во Париз откако во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров. Ова воедно е седми триумф на Ѓоковиќ на мастерсот во Париз.
Далеку полесно од претходните три меча во кои играше по три сета, денеска за 100 минути игра, Новак славеше со 6:4,6:3 и по 40-ти пат тримфира на мастерс-турнирите.
Во првиот сет, само еден брејк му беше доволен на Ѓоковиќ за да поведе со 1-0 во сетови. Брејкот го направи во седмиот гем за водство од 4-3 по што предноста ја задржа со сигурен сервис во двата гема во кои не му даде ниту еднаш шанса за брејк на Димитров.
https://twitter.com/RolexPMasters/status/1721193648358932931
Во вториот сет, речиси идентично сценарио, Ѓоковиќ во петтиот гем го одзеде сервисот на Бугаринот и поведе со 3:2, а предноста ја чуваше со сигурен сервис. Во деветтиот гем, Новак уште еднаш направи брејк за конечни 6:3 и нова титула.
Со триумфот на мастерсот во Париз, Ѓоковиќ и дефинитивно го обезбеди првото место на АТП-ранг листата на крајот од годината, а следен предизвик ќе му биде завршниот АТП мастерс турнир кој ќе се игра во Торино.