Ѓоковиќ продолжува да испишува историја, стана најстариот освојувач на Отвореното првенство на САД во модерната ера

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (36 години) го освои 24-тиот гренслем-трофеј во кариерата откако во финалето на Отвореното првенство на САД го совлада Данил Медведев во 6:3,7:6,6:3 и се израмни по бројот на освоени гренслем-титули со легендарната Маргарет Корт.

Воедно му избега на Рафаел Надал на вечната ранг-листа на освојувачи на гренслем-трофеи, па Новак сега има два трофеи повеќе од Шпанецот, додека Федерер остана на 20.

Ѓоковиќ во своето десетто финале во Њујорк дојде до четвртиот трофеј (2011,2015,2018,2023) и стана најстариот победник на Отвореното првенство на САД во модерната ера (од 1969), надминувајќи го Кен Розвел, кој во 1970 година триумфира со 35 години.

https://twitter.com/i/status/1701022534349763036

Со победата, Ѓоковиќ на најдобар начин го означи враќањето на првото место на АТП ранг-листата и воедно му се реваншира на Медведев за поразот во финалето во 2021 година.

Новак финалето го започна одлично, ги освои првите три гема и предноста ја задржа до крајот на сетот.

Интересно е што Ѓоковиќ само еднаш во 73 меча во Њујорк загубил откако го освоил првиот сет. Тоа му се случи во финалето во 2016 година против Станислас Вавринка.

Клучен сет за победата се покажа вториот, во кој и двајцата тенисери одиграа фантастично. Медведев во осмиот гем ја имаше првата брејк-топка, но не ја искористи, а тоа му се случи и при резултат 6:5 во гемови, по што сетот беше одлучен во тај-брејкот.

Во него подобро започна Медведев, кој поведе со 3-1 во поени, но не успеа да ја зачува предноста. При резултат 6-5 за Новак, со бекхенд ја испрати топката во мрежата и му донесе водство од 2-0 во сетови на Ѓоковиќ.

Во третиот сет, прв кој направи брејк беше Ѓоковиќ, и тоа во четвртиот гем, но Медведев веднаш направи рибрејк. Надежите дека ќе успее да се врати во мечот, паднаа во следниот гем што го доби Новак и потоа со сигурен сервис поведе со 5:2 во гемови и во следниот гем на свој сервис дојде до 24-тиот гренслем-трофеј во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести