14.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Ѓоковиќ продолжува да пишува историја, лесно дојде до четвртфинале на САД опен

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, продолжува да ги поместува границите и да ги руши рекордите. Србинот на 38-годишна возраст стана највозрасниот тенисер во историјата кој играл најмалку во четвртфинале на сите гранслем-турнири во една сезона.

Ѓоковиќ со максимални 3-0 славеше над Јан-Ленард Струф од Германија и дојде до 64-тиот пласман во четвртфинале на гранслем-турнирите, со што само го подобри сопствениот рекорд, а има и 24 титули.

Србинот дојде до победата само по 111 минути игра, а во четвртфиналето за противник ќе го има домашниот тенисер Тејлор Фриц.

- Оглас -

Најнови вести