Ѓоковиќ продолжува да соборува рекорди и да испишува историја на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ со победата во четири сета против Андреј Рубљов обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон и продолжи да испишува историја на најпрестижниот тениски турнир.

Новак е на две скалила од нова титула на Вимблдон, која би била вкупно осма на овој турнир и петта по ред. Во модерната ера на тенисот, петпати по ред триумфирале само двајца тенисери, Бјорн Борг (1976-1980) и Роџер Федерер (2003-2007). Ѓоковиќ славеше во 2018, 2019, 2021 и 2022 година, а во 2020 година не се играше тенис поради пандемијата на корона-вирусот.

https://twitter.com/TennisTV/status/1678839485696548866?s=20

Ѓоковиќ ја продолжува неверојатната серија без пораз од топ 10 тенисер на ранг-листата на АТП во четвртфиналето на Вимблдон.

Точно една деценија трае победничката серија на Ѓоковиќ на Централниот терен. Последен тенисер кој успеал да го победи Новак на Централниот терен на Вимблдон беше Енди Мареј, кој во 2013 година славеше над Србинот во финалето.

Победата над Рубљов беше 33-та по ред за Ѓоковиќ, а задутре против Јаник Синер ќе го игра 46-тото гренслем-полуфинале, со што ќе се израмни со Федерер.

- Оглас -

Најнови вести