11.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Ѓоковиќ проговори за проблемите со кои се соочува во Шангај: Ова не е нормално

Новак Ѓоковиќ успешно започна на АТП турнирот во Шангај откако со 2:0 во сетови го победи Хрватот Марин Чилиќ. По победата, Србинот беше зачуден од временските услови кои го дочекаа во Шангај.

„Толку голема е влажноста на воздухот што ова не е нормално. Истиот проблем е и за моите ривали и за сите тенисери на турнирот. Мораме да го прифатиме тоа и да се справиме како можеме. Многу се потиме. Сметките за перење облека овој месец ќе бидат поголеми, но тоа е. Се надевам ќе продолжам со добра игра“, рече Ѓоковиќ.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Јаник Ханфман од Германија, а дуелот е закажан за в недела во 12:30 часот. Ноле еднаш има играно против Ханфман и го победи со 2:0 во сетови на турнирот во Женева минатата недела.

 

- Оглас -

Најнови вести