Новак Ѓоковиќ со крајни маки и голем пресврт успеа да стигне до осминафиналето на САД Опен. Неговиот сонародник Ласло Ѓере имаше водство од 2-0 во сетови, откако одлично го отвори мечот и првите два сета ги доби со идентични 6-4.
Сензационалното водство на 38-миот тенисер во светот, како да го налути Ѓоковиќ кој во продолжение заигра фузиозно и ги доби третиот и четвртиот сет со по 6-1.
Последниот сет заврши во корист на вториот тенисер на АТП листата со 6-3.
Следниот противник на Новак Ѓоковиќ на САД Опен ќе му биде хрватот Борна Гојо кој е 105-ти на АТП листата.