1.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Ѓоковиќ прв пат доби ваква награда, а му ја додели директно Кристијано Роналдо (Видео)

Новак Ѓоковиќ е добитник на наградата за спортист на годината од страна на „Глобал спорт“ кое е со седиште во Обединетите Арапски емирати, а денешната церемонија беше во Дубаи.

Со ова добиено признание, Ѓоковиќ стана првиот спортист кој не е фудбалер да биде избран за најдобар, што само е уште еден доказ за целокупната кариера на Србинот. Наградата на Ѓоковиќ му ја даде директно Кристијано Роналдо.

„Ова беше изненадување за мене. Да се добие награда директно од легендарен спортист како што е Кристијано, е остварување на сонот. Многу го сакам фудбалот и тука сум за да ја прославам оваа неверојатна награда“, рече Ѓоковиќ кој потоа додаде.

„Ми се допадна сериозниот поглед на Роналдо кога рече дека ќе постигне 1.000 голови. Тој тоа навистина и го мисли“, додаде Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести