Новак Ѓоковиќ повторно ќе игра во финалето на Вимблдон откако со 3:0 во сетови го победи Јаник Синер. Италијанскот тенисер даде солиден отпор, но во моментите кога беше најпотребно, Србинот ја покажа класата и не дозволи да загуби ниту еден негов сервис, а на крајот да победи со 6:3, 6:4, 7:6.
Во средината на вториот сет, Синер беше во ситуација да направи брејк, а дополнителна нервозаи и притисок за Ѓоковиќ дојде по една судиска одлука. За време на еден поен, Ѓоковиќ гласно викна кога го удри топчето, а судијата тогаш ја сопре играта и додели поен на Синер. Образложението беше дека Ѓоковиќ со извикот го деконцентрирал противникот. Србинот беше збунет, но и покрај тоа остана фокусиран и на крајот го доби тој гејм и сет, а по мечот имаше свое видување на целата ситуација.
„Прв пат во кариерата губам поен на ваков начин. Тој момент можеше да го смени текот на мечот. Мислам дека воопшто не викнав толку гласно. Можеби имаше ехо од кровот на стадионот, но мислам дека воопшто не му попречив на противникот. Бев многу лут и нервозен во тој момент, но во секој случај ја почитувам одлуката на судијата“, рече Ѓоковиќ по победата над Италијанецот.
Novak Djokovic called for a hindrance during a screaming backhand down the line #Wimbledon pic.twitter.com/P9w6XQwZHX
— The Game Changer (@TheGame_26) July 14, 2023