Ѓоковиќ прво си направи муабет со Бекам, а потоа дојде до 30-тата победа по ред на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја продолжува доминацијата на Вимблдон и денеска против Џордан Томпсон ја оствари 30-тата победа по ред на најпрестижниот тениски турнир.

Новак, кој славеше на последните четири изданија на Вимблдон, во второто коло со 3-0 во сетови со 6:3,7:6,7:5 го победи Томпсон.
Триумфот над австралискиот тенисер беше и јубилеен 350-ти на гренслем-турнирите за Ѓоковиќ.

Пред мечот, Новак одвои време неколку минути да поразговара со поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам.

https://twitter.com/ManuSanchezGom/status/1676600078893457409?s=20

Пласман во третото коло обезбедија и Денис Шаповалов, кој со 3-1 во сетови го победи Молдавецот Албот, додека Холгер Руне во три сета беше подобар од домашниот тенисер Лофхаген.

Маратонскиот меч меѓу Борна Чориќ и Гвидо Пеља, кој започна во понеделникот, заврши дури денеска. Проблемите со невремето не дозволија мечот да се доигра вчера и завчера, па денеска Пеља конечно обезбеди пласман во второто коло. Аргентинецот со 3-2 во сетови, и тоа со 6:3,7:5,4:6,3:6,6:1 беше подобар од Чориќ.

Во женска конкуренција, вистинска сензација приреди српската тенисерка Наталија Стевановиќ, која ја елиминира поранешната прва тенисерка на светот, Каролина Плишкова. Стевановиќ за 66 минути игра славеше со 6:2, 6:3 и го приреди најголемото изненадување во првите три дена на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести