22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Ѓоковиќ прво урлаше на еден гледач, а потоа направи шоу и пееше за сите навивачи (Видео)

Новак Ѓоковиќ очекувано се најде во полуфиналето на Отвореното првенство на САД. Во четвртфиналето, Србинот со 3:0 во сетови го победи американскиот тенисер Тејлор Фриц. За Ѓоковиќ ова е рекордно 47-мо полуфинале на гренслем-турнирите, со што го надмина досегашниот рекорд на Роџер Федерер.

Фриц е еден од омилените ривали на Ѓоковиќ затоа што Србинот има осум победи во исто толку дуели со Американецот. Иако без загубен сет Ноле победи, сепак во еден момент Србинот многу се налути откако еден навивач ги збуни тенисерите викајќи дека топчето е во аут.

По завршивање на дуелот, Ѓоковиќ беше многу порасположен. Го зеде микрофонот и почна да ги пее стиховите од познатиот хит на Бисти бојс, „Мораш да се бориш за своето право на журката“.

- Оглас -

Најнови вести