Ѓоковиќ: “Публиката ме попречуваше, затоа оваа победа е уште поголема“

Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, дојде до уште еден трофеј во својата кариера, откако вечерва го освои завршниот АТП Мастерс во Торино. Србинот во финалето со убедлива игра го совлада домашниот тенисер, Јаник Синер, со 2-0.

– “Ова е една од најдобрите сезони во мојата кариера. Да завршиш со победа против човекот кој тука е домаќин, тука е херој, ова е феноменално. Горд сум што одиграв два добри натпревари против Алкарас и Синер, кои покрај мене и Медведев, се меѓу најдобрите четири тенисери во светот. Морав многу да се потрудам, не можев да чекам да погреши и да го предаде мечот, одработив тактички добра работа, многу сум задоволен. Не беше лесно да се игра пред публика која е многу гласна, ме попрешуваше, затоа оваа победа е уште послатка.“ – изјави Ѓоковиќ после освојувањето на турнирот во Торино.

- Оглас -

Најнови вести