Новак Ѓоковиќ рече дека не е 100 отсто сигурен дека утре ќе се појави на терен за четвртфинална битка против Каспер Руд. Србинот имаше болки во коленото за време на осминафиналето со Серундоло, но петтиот сет го одигра без проблем.
Сепак, денеска кога ќе се олади ногата, треба и на снимките на магнетна резонанца да се види каква е состојбата.
„Постои шанса и да се откажам, зависи колку е сериозно, колкава штета е направена. Не е во мои раце. Се молам да биде како што треба. Колено е колено, еден од главните зглобови во телото. Си ги скинав мускулите во Австралија, но можеш да направиш нешто со завоите. Едно е мускул, друго е колено. Методот за обновување е различен. Никогаш не сум имал големи проблеми со коленото, освен во 2011 година, кога носев лента на десното колено, но играв на многу турнири. Тогаш имав 24 години. Телото сега ми е во поинаква состојба. Благодарен сум што телото ми служи, иако сè почесто се случуваат повреди и инциденти“, рече Новак, кој се жалеше на лизгавиот терен на „Ролан Гарос“.