19.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Ѓоковиќ речиси три часа се мачеше против 150-тиот тенисер во свет, на крајот еуфорично славеше (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на АТП Мастерс турнирот во Шангај, откако по голема борба со 2:1 во сетови го победи Јаник Ханфман од Германија. Речиси три часа траеше мечот на кој Ѓоковиќ губеше со 1:0 во сетови, но Србинот успеа и тоа осми пат сезонава да направи пресврт и по негатива во првиот сет, на крајот да победи.

Во првиот сет, Ханфман направи брејк и поведе со 3:1, а потоа до крајот на сетот беше сигурен на свој сервис и го доби првиот сет до 6:4. Во вториот сет двајцата тенисери беа непогрешливи на свој сервис до 5:5. Ѓоковиќ поведе со 6:5 и потоа ја доби првата брејк топка, која веднаш ја искористи и го доби сетот со 7:5.

Во третиот сет Ѓоковиќ направи брејк за 3:1 во гемови и потоа искусниот српски тенисер не дозволи да има проблеми против 150-тиот на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести