21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ѓоковиќ: Сакам да ги соборам сите рекорди, никогаш не глумам како некои други

Новак Ѓоковиќ со триумфот на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Париз испиша нови страници во историјата на тенисот, тој е првиот кој освоил дури 40 трофеи од овие турнири, но нема намера да запре тука.

Тој во Париз дојде до 97-миот трофеј во кариерата и му недостасуваат уште 12 титули од тениските турнири за да се израмни со Џими Конорс на првото место на тенисери со најмногу титули. Притоа Новак ги пецна и најголемите негови конкуренти во кариерата кои се дел од големата тениска тројка, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Мислам дека сè е можно и зошто да не се обидам да го соборам овој рекорд. Сега имам 12 титули помалку, но можам да играм уште неколку години. Одам на сите можни рекорди, на сите што можам да ги соборам. Никогаш не сум имал проблем да кажам вакво нешто и можеби поради тоа не ме сакаат луѓето. Никогаш не сум глумел како некои други, да кажам дека тоа не ми е цел, а потоа да се однесувам поинаку. Секогаш сум се трудел да бидам искрен и да го кажам тоа во што верувам“, изјави Ѓоковиќ по триумфот над Григор Димитров во финалето на мастерсот во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести