Ѓоковиќ: Само 350 играчи може да живеат од тенисот

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, смета дека неговиот спорт не го користи целиот маркетиншки потенцијал кој го има.

„Ако ја гледаме Формула 1 на ниво на маркетинг и спорт, колку е популарна, мора да завршиме подобра работа. Мислам дека можеме подобро. Можеме да бидеме среќни што тенисот е глобален спорт, направена е анализа дека тенисот е трети или четврти најгледан спорт. Прв е фудбалот, па кошарката, но тенисот е само на седмо или осмо место како спорт кој ја користи својата популарност“, рече Ѓоковиќ на прес-конференција на Вимблдон.

Според него, мора да расте бројот на играчи кои можат да живеат од тенисот.

„Само 350 тенисери и тенисерки во светот можат да живеат од играњето тенис. Тоа е загрижувачки. Се фокусираме само на главните награди, што е со другите. Милиони деца сакаат да го играат, но не е достапен, особено во земји како мојата, кои немаат историја на тенис, силна федерација… Тенисот е крал на спортовите со рекети, но е во опасност. Паделот што расте, луѓето се забавуваат. Финансиски е многу поисплатливо за сопственикот на теренот или клубот да има терени за падел отколку за тенис. Мораме да ги решиме сите овие проблеми“, додава Ѓоковиќ.

Ноле смета дека се потребни иновации, како на пример во првите кола на гренслемите да се игра во два, наместо во три добиени сета.

„На гренслем турнирите можете да видите натпревари во пет сета, тоа ги возбудува и играчите и публиката. Се сеќавам на мечот со Федерер во 2018 година во пет сета, неверојатен беше. Дури и кога губите 0-2, мислите дека можете да продолжите понатаму. Слушнав дека се предлага и гренслемите да бидат во два добиени сета, јас не сум за тоа, можеби само за воведните кола, а потоа нека си остане во три сета. Треба да се чува традицијата. Потребни се иновации и привлекување на помладата публика“, заклучува Србинот.

- Оглас -

Најнови вести