По настапот на Австралија опен каде играше во финалето, но не успеа да стигне до јубилејниот 25-ти гренд слем трофеј, Новак Ѓоковиќ како гледач беше дел од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. По таа екскурзија со неговото семејство, Новак се врати во Атина, местото кое го одбра за негово живеалиште изминатиов период.
И по враќањето во Атина, Ѓоковиќ постојано е активен. Прво беше на трибините на кошаркарскиот дуел од Евролигата меѓу Олимпијакос и Црвена ѕвезда, а потоа имаше и неколку деловни состаноци.
На еден од последните состаноци, Ѓоковиќ се сретнал и со министерот за миграција на Грција, Танос Плеврис. Фотографија од нивната средба беше објавена и на социјалните мрежи, а според дел од грчките медиуми, министерот наводно рекол: „Голема чест е што со своето семејство сакате да останете во нашата земја“.
View this post on Instagram
Пред кошаркарскиот меч на кој присуствуваше, Ѓоковиќ во изјава за АНТ1, откако бил запрашан дали веќе „се чувствува како Грк“, тенисерот одговорил: „Се чувствувам како Грк, но уште го немам научено грчкиот јазик. Не е лесно. Главниот план за оваа сезона ми е да останам здрав и среќен“.

