По освојувањето на Отвореното првенство на САД, Новак Ѓоковиќ се зацврсти на чело на АТП-листата. Србинот стигна до 11.795, а поради фактот дека неговиот најголем ривал Карлос Алкарес беше елиминиран во полуфиналето, Шпанецот сега има заостанување од 3.260 бодови.
За Ѓоковиќ ова е 391 недела како светски лидер на АТП-листата, а според сегашниот број поени, Ѓоковиќ сигурно ќе остане на челното место до почетокот на ноември. Доколку успее Србинот да продолжи во ист ритам, ќе биде многу блиску до остварување на неверојатната бројка од 400 недели лидер на АТП-листата.
Зад најдобрите двајца тенисери, во Топ 10 на АТП-листата се уште и Данил Медведев со 7280 бодови, Холгер Руне 4710, Стефанос Циципас 4615, Андреј Рубљов 4515, Јаник Синер 4465, Тејлор Фриц 3955, Каспер Руд 3560 и Александар Зверев 3030 поени.
Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски на најновото рангирање е на 328-мото место во светски рамки со 158 поени.