6.8 C
Skopje
среда, 3 декември 2025

Ѓоковиќ се дружеше со актерката која посакуваше да му биде дубл партнерка

За време на престојот во Катар за трката од Формула 1, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се сретна со познатата актерка Џесика Алба, на чија убавина не е имун ни најдобриот во историјата на тенисот.

Средбата на Ѓоковиќ и Алба привлече големо внимание, иако ова не беше нивна прва средба, тие беа видени претходно оваа година и на забавата по повод 50-тиот роденден на Ева Лонгорија во Мајами.

Интересно е што Ноле пред турнирот во Индијан Велс ја посочи Алба како своја идеална партнерка во двојки кога би бирал од светот на славните.

„Меѓу спортистите, тоа би бил некој како Том Брејди, Леброн Џејмс, Лука Дончиќ или Никола Јокиќ. Веројатно би требало да се движам многу повеќе, додека тој веројатно би сервирал добро – рече Новак, а кога го прашаа за партнерка од светот на шоу-бизнисот, тој кратко одговори: „Од жените? Џесика Алба“.

 

- Оглас -

Најнови вести