Ѓоковиќ се испроба како сумо борач (Видео)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, подготвен е да се врати на тениските терени. Србинот ќе учествува на АТП 500 турнирот во Токио, а како најава за неговиот меч, Ѓоковиќ реши да се проба и во традиционалниот јапонски спорт – популарното сумо.

„Одлично искуство. Никогаш претходно не сум имал вакво искуство. Ова е еден од најпопуларните спортови во Јапонија. Кога му реков на татко ми дека ќе се пробам во сумо, двајцата се присетивме како пред многу години го гледавме Акебоно на телевизија кога се бореше. Мислам дека сум малку надвор од форма за сумо. Треба да ставам некое кило повеќе за да бидам во конкуренција“, изјави добро расположениот Ѓоковиќ.

https://twitter.com/i/status/1178507578600382464

 

- Оглас -

Најнови вести