Ѓоковиќ се мачеше и против Кецмановиќ ама дојде до полуфиналето во Белград

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ како прв носител на „Србија Опен“ се пласираше во полуфиналето. Тој по речиси два ипол часовна битка славеше над Миомир Кецмановиќ со 2:1 во сетови, односно 4:6, 6:3, 6:3 во гејмови.

Новак како и против Ласло Ѓере имаше неуверлив почеток и го загуби првиот сет, но и на стартот од вториот му дозволи брејк на противникот. Сепак, како што и се очекува од него, полека ја крена играта и ги презеде работите во своја контрола.

Во полуфиналето на АТП турнирот во Белград ќе го сочека подобриот од мечот меѓу Карен Хачанов и Тијаго Монтеиро кој ќе стартува за нешто помалку од 15 минути.

- Оглас -

Најнови вести