Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Индијан Велс откако по голема борба коа траеше повеќе од два часа го победи Александар Ковачевиќ, кој се натпреварува под знамето на САД и е на 72-рото место на АТП-листата. За Ѓоковиќ ова е првпат по 2017 година да игра во осминафиналето на овој турнир во Индијан Велс.
Србинот одлично започна и во првиот сет доминираше, па за 35 минути го доби со убедливи 6:1. Во вториот сет беше многу понеизвесно. Ковачевиќ одлично започна и го доби својот гем, а потоа направи брејк и поведе со 3:0, па до крајот ја сочува таа предност и го доби сетот со 6:4, изборувајќи се за решавачки трет сет.
Во вториот сет беше забележителна и нервозата на Ѓоковиќ, па во еден момент почна да пцуе на српски јазик.
Đoković psovao na srpskom pic.twitter.com/wctJIa6QiY
— sportsscandals (@sportsscandals1) March 9, 2026
Во последниот сет беше израмнето до 4:4, а потоа Ѓоковиќ го освои својот сервис, а на крајот стигна до брејк топка на сервис на противникот и веднаш да ја искористи за освојување на сетот и мечот.
„Многу тежок меч. Алекс покажа дека има одличен талент. Одлично сервираше, играше добро и покажа дека е тешко да му се направи брејк. Кога дојдов до ситуација да направам брејк, успеав да ја искористам“, рече Ѓоковиќ веднаш по мечот.

