Ѓоковиќ се мачеше во првиот сет, но се пласираше во полуфиналето во Женева

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот 250 во Женева. Најдобриот тенисер во светот прв пат игра на овој турнир, а денеска потешко од очекувањата го победи Талон Грикспор.

Во првиот сет се играше рамноправно, а холандскиот тенисер имаше водство од 5:4 и на сервис на Ѓоковиќ имаше четири сет топки, но Новак успеа да ги спаси, стигна до 5:5, а потоа го доби сетот со 7:5 за 52 минути игра.

По освоениот прв сет, Ѓоковиќ го засили ритамот и во вториот сет по брза постапка, по само 26 минути игра со 6:1 стигна до 2:0 и пласманот во полуфиналето на турнирот. Следен ривал на најдобриот тенисер во светот е Томаш Махач.

 

- Оглас -

Најнови вести