Ѓоковиќ се мачеше во третиот сет, но сепак забележа максимална победа против Вавринка

Новак Ѓоковиќ ја забележа и третата максимална победа од 3-0 на Вимблдон и се пласира помеѓу најдобрите 16 тенисери.

Швајцарецот Станислав Вавринка пружи отпор само во третиот сет, кој му припадна на србинот во тајбрејкот со 7-5 на поени.

Првите два сета без поголеми проблеми ги освои Ѓоковиќ со 6-3 и 6-1.

Со оглед на тоа дека мечот започна со задоцнубање од 40-тина минути, лесно можеше да се случи тој да заврши и после полноќ, бидејќи србинот и швајцарецот на теренот минаа точно 130 минути.

Новак Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против 18-тиот на АТП листата Хуберт Хуркач од Полска.

- Оглас -

Најнови вести