Ѓоковиќ се намачи против 64-тиот тенисер во светот и на крајот победи со едно од неговите најсилни оружја

Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата го победи Французинот Квентин Халис и се пласира во третото коло на турнирот во Аделаида. Во меч кој траеше речиси два часа, Србинот победи со 2:0 во сетови, но и двата ги доби во тајбрејк со по 7:6.

Иако играше против 64-тиот на АТП-листата, Ѓоковиќ имаше многу мака, а тоа се виде уште на стартот, кога Французинот направи брејк и поведе со 2:0 во гејмови. Халис водеше со 5:4 и сервираше за да поведе со 1:0 во сетови, но Ноле се врати и изрмани на 5:5, а по 6:6 мораше да се игра тајбрејк.

Во една таква ситуација, многу поискусниот веднаш поведе со 5:0 и потоа без многу проблеми стигна до 1:0 во сетови. Во вториот сет немаше ниту еден брејк, секој тенисер беше сигурен на свој сервис, па повторно се играше тајбрејк, а тука Ѓоковиќ е речиси неприкосновен, па на крајот се радуваше на триумф од 2:0.

„Мојот противник денеска играше многу добро. Нема сомнеж дека играше како да е тенисер од Топ 10. Се чувствувам добро, мило ми е што го поминав овој тежок противник. Ми требаше време да се прилагодам на неговата игра, тој е одличен сервер“, рече Ѓоковиќ по мечот.

Во следното коло се пласира и Шаповалов, кој со 6:4, 6:3 беше подобар од Русинот Сафиулин, додека Кодра со 6:4, 6:4 беше подобар од Баутиста.

- Оглас -

Најнови вести