Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон откако со 3:1 во сетови го победи Французинот Александре Милер. Фаворитот беше убедлив во првиот сет и го доби со 6:1, за потоа да го загуби вториот сет со 7:6. Во тие моменти Србинот се пожали и на здравствени проблеми, па регираше и медицинскиот тим.
Потоа Ѓоковиќ продолжи и тоа во јак ритам, па ги доби следните два сета со 6:2 и 6:2 за пласман во второто коло.
„Од најдобро чувство и игра во првиот сет, до најлошото чувство кое го имав потоа во последно време. Имав проблеми со желудникот. Енергијата целосно ми падна и се обидов да преживеам на теренот. Имав проблеми во вториот сет. Еден и пол сет се чувствував одлично, а потоа 45 минути ми беше ужасно“, открива Ѓоковиќ.
Србинот вели дека не планирал да го предаде мечот затоа што верувал дека има сили да се врати во ритам. Тоа што многумина ги интересира е какви апчиња се напил Ѓоковиќ, затоа што потоа заигра многу подобро.
„Се напив од магичните апчиња и успеав да го завршам мечот. Тоа е најважно. Не размислував да го предадам дуелот затоа што знаев дека енергијата ќе ми се врати“, додава Ѓоковиќ.