Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се одлучи на неочекуван потег пред турнирот во Синсинати. Популарниот Ноле одлучи на овој турнир да се натпреварува и во дабл конкуренција.
Ѓоковиќ ќе биде партнер со Никола Чавиќ, а интересно е дека тие нема да бидат меѓу носителите. Главни фаворити за освојување на турнирот во двојки се Раџив Рам и Џо Салисбери.
Србинот нема да биде единствениот тенисер од врвните играчи што ќе биде дел од турнирот во двојки. Настап во двојки пријави и Стефанос Циципас со Александар Давидович Фокина, Александар Зверев со Марсел Мело, потоа Андреј Рубљов со Максим Пурсел, како и Хуберт Хуркач во тандем со Мат Павиќ.