Цела Србија денеска е во жалост по трагедијата која се случи утрово во едно основно училиште во Белград. Ученик кој има само 13 години влезе во училиштето со два пиштола и уби осум соученици, како и човекот задолжен за обезбедување на школото. Освен убиените, има и шестмина ранети деца и една наставничка.
По овој шокантен напад, стигнаа реакции од сите страни, а на својот инстаграм-профил се огласи и Новак Ѓоковиќ. Прославениот тенисер на своето „стори“ постираше неколку фотографии кои покажуваа за трагедијата која ѝ се случи на Србија денеска.
Novak Đoković nakon tragedije u Beogradu. pic.twitter.com/DnoryI7LNL
— Sportcomm (@Sportcomm2) May 3, 2023