Новак Ѓоковиќ за првпат речиси по 20 години (од април 2005 наваму) загуби меч од тенисер кој не е меѓу првите 200 на светската АТП-листа, а преку социјалните мрежи упати честитка до Американецот Рејли Опелка, кој е 293-ти на АТП-листата и приреди сензација во Бризбејн победувајќи го Србинот.
Ѓоковиќ се мачеше со силните сервиси на 211-сантиметри високиот Опелка (Србинот немаше ниедна брејк шанса), а уште повеќе со влажноста на воздухот од 76 проценти. Ги загуби двата сета и за 100-тата титула ќе мора да почека друга прилика.
„Неверојатен тенис Рејли. Апсолутно заслужено. Со среќа“, му порача Новак на тенисерот кој беше еден од ретките што го бранеше за време на корона-вирусот кога на српскиот тенисер не му беше дозволено да игра на Отвореното првенство на Австралијан затоа што не е вакциниран.