17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето и закажа дуел со Јаник Синер

Новак Ѓоковиќ ќе биде противникот на Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон. Најтрофејниот тенисер ќе игра против актуелниот број 1 на светот, меч кој може да се нарече дека е финале пред финале на најпрестижниот тениски турнир во светот.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ со 3:1 во сетови го победи Флавио Коболи од Италија. Во првиот сет Новак водеше со 5:3 и имаше свој сервис кој не го доби, па Коболи стигна до 6:6 и во тај-брејкот, Италијанецот беше подобар со 7:5.

Ѓоковиќ заигра многу подобро во вториот сет. Беше 2:2 кога следеше серија на Србинот за 6:2 и израмнување на 1:1 во сетови. Србинот продолжи со одличната игра и во третиот сет. Веднаш направи брејк, а потоа стигна и до 2:0. Сепак, Коболи израмни на 2:2 и беше нерешено до 5:5. Во клучниот момент Ѓоковиќ направи уште еден брејк и го доби сетот со 7:5.

Искусниот Ноле не дозволи да ја пропушти оваа предност и го доби третиот сет со 6:4 и пласман во полуфиналето на Вимблдон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести