Во недела започнува главниот турнир на првиот Гренд Слем турнир оваа година, Австралија опен, а тенисерите ги одржуваат своите официјални прес-конференции. Таков беше случајот и со вториот светски тенисер, Александер Зверев, но тој доби големо изненадување на прес-конференција, бидејќи се појави и Новак Ѓоковиќ, кој започна да му поставува прашања.
„Дали клучот за освојување на Гренд Слем лежи во вселената?“ – беше прашањето на Ѓоковиќ, а Зверев најпрво му рече дека ќе одговори кога ќе облече спортска опрема, а потоа кусо прокоментира: „Би било добро кога би ме пуштил да освојам Гренд Слем“.
Присутните се насмеаја и на прашањето и на одговорот, а тенисерите потоа пријателски се прегрнаа, а Зверев потоа му го препушти микрофонот на Ѓоковиќ, бидејчи неговата прес-конференција беше следна.
Новак Ѓоковиќ во својата кариера има освоено 24 Гренд Слем трофеи, додека Александер Зверев се уште го чека првиот.