22.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Ѓоковиќ се појави на теренот во Мелбурн и тренираше без никакви проблеми (Видео)

Со 10 освоени титули на гренд слем турнирот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ го доби епитетот Крал на Австралија опен. Српскиот тенисер и оваа година е главен фаворит за титулата, а за најголеми ривали ќе има една гарда на млади тенисери кои се обидуваат да го симнат од тронот.

Ѓоковиќ утрово го одработи првиот тренинг на „Род Левер“ арената, а тоа што беше констатирано е дека Србинот не се пожали на никакви болки или повреди. Пред само неколку дена, Ѓоковиќ го повреди зглобот на ногата додека се натпреваруваше на Јунајтед купот, но сега делува дека таа повреда е минато.

Најдобриот тенисер во светот на тренинг се појави заедно со Александер Зверев и двајцата го одработија тренингот без проблем. Австралија опен ќе започне на 14 јануари, а ждрепката ќе биде на 11 јануари по што ќе се знае првиот ривал на популарниот Ноле и „костурот“ на тоа каков пат кон финалето може да го чека.

https://twitter.com/i/status/1744607602296668551

- Оглас -

Најнови вести