Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, додека се подготвува за Отвореното првенство на САД, кое за него започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, го искористи своето слободно време да биде гостин на еден од најголемите спортски спектакли во САД, дуелот помеѓу Њујорк јенкис и Бостон Ред Сокс, најголемите бејзбол тимови во светот.
Ѓоковиќ ја имаше и честа да го изведе почетниот удар, го фрли топчето и со тоа го означи почетокот на судирот меѓу големите ривали од МЛБ-лигата.
Србинот беше одлично расположен, но еден детаљ ги загрижи неговите фанови. Новак се појави со стегач околу десната рака.
Дали станува збор само за претпазливост или има некаков проблем со лактот, не е познато.
Новак имаше операција на лактот на оваа рака во 2018 година, што беше најсериозната повреда во неговата кариера, па затоа и загриженоста.