23.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Ѓоковиќ се појави во трговски центар во Лос Анџелес и предизвика делириум (Видео)

По пауза од пет години, Новак Ѓоковиќ повторно се враќа на Мастерсот во Индијан Велс, турнир за кој Србинот вели дека е еден од неговите омилени. Возбудувањата на Индијан Велс ќе бидат од 6 до 17 март, а додека го чека стартот на турнирот, Ѓоковиќ го искористи и за прошетка низ Лос Анџелес.

Вистинско изненадување се случи во еден трговски центар кога присутните го забележаа Ѓоковиќ. Мноу од луѓето возбудено викаа по Новак, го сминаа и сакаа да се фотографираат со тенисерот кој има освоено најмногу Гренд слем титули во историјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mirjana Sladic (@mirjana_sladic)

Ѓоковиќ вкупно пет пати го има освојувано трофејот на Индијан Велс и тоа во 2008, 2011, 2014, 2015 и 2016 година. Во последните неколку сезони тој немаше можност да игра затоа што не добиваше дозвола од властите во САД да влезе бидејќи не беше вакциниран против Коронавирусот.

Сега Србинот повторно е на Индијан Велс, каде што очигледно има многу фанови.

- Оглас -

Најнови вести