Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ се повлече од настапите на гранслем-турнирот Ролан Гарос. Тој играше повреден на последните два меча, но и покрај тоа, успеа да ги добие со натчовечки напори во пет сета, против Мусети и против Черундоло.

Сепак, повредата беше посилна и од желбата на Новак Ѓоковиќ да го продолжи настапот на Отвореното првенство на Париз во лов по нова гранслем-титула. Србинот на крајот одлучи дека мора да ги послуша докторските совети и се повлекува од турнирот.

Каспер Руд директно ќе оди во полуфиналето, а тоа со борба успеа да го избори и Јаник Синер, кој со 3-0 во сетови го победи Григор Димитров со 6-2, 6-4, 7-6.

Јанир Синер ќе биде и нов светски рекет број 1 од следната недела, а голем удел во тоа има и повлекувањето на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести