32.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Ѓоковиќ се повлече од турнирот во Париз, но сруши уште два рекорди на Федерер

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, денес е опериран во Париз откако поради повреда на коленото се повлече од настапот на Ролан гарос. Сепак, и покрај повлекувањето, Србинот успеа да сруши уште два рекорди кои беа во сопственост на Роџер Федерер.

Ѓоковиќ и Федерер имаа по 369 победи на гранслем турнирите, но со победата над Серундоло во осминафиналето, Србинот сега има една повеќе од Швајцарецот, односно 370. Тие двајца уште во еден сегмент беа израмнети во пресрет на Роланд Гарос. Ѓоковиќ и Федерер имаа по 58 пласмани во четвртфиналето на гранслем-турнирите, а сега Србинот има едно четвртфинале повеќе.

Српскиот тенисер во кариерата е најдобар според бројот на освоени гранслем-турнири, вкупно 24, пред Надал со 22 и Федерер со 20. Ѓоковиќ има и најмногу трофеи од Мастерс турнирите, 40, Надал има 36, додека Федерер 28. Србинот е најдобар и според неделите на врвот на АТП-листата, според бројот на победите…

- Оглас -

Најнови вести