29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Ѓоковиќ се повлече од уште два големи турнири

Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, имаше очекувано успешен старт на УС опен, победувајќи го Молдавецот Раду Албот со 3-0 во сетови. Но, затоа во Њујорк донесе одлука која изненади многумина.

Српскиот тенисер го откажал настапот на два големи турнири до крајот на годината. Тој нема да учествува на турнирите во Пекинг и во Токио. Претходно, објави дека нема да игра и на турнирот во Белград пред домашната публика.

Оваа одлука на Ѓоковиќ делува изненадувачки, со оглед дека тој досега секогаш потенцирал дека има голема желба да игра во Кина и во Јапонија. Турнирот во Пекинг го има освојувано дури шестпати во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести