Новак Ѓоковиќ сезоната на земја ќе ја започне од Монте Карло, а не од Мадрид, како што првично планираше најдобриот светски рекет. Српскиот тенисер го смени планот и реши да се натпреварува на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, односно за трофејот кој го има освоено двапати во кариерата (во 2013 и 2015 година).
Минатата година, Ѓоковиќ во Монте Карло претрпе елиминација во третото коло, откако Доминик Тим го победи со 2-1 во сетови, и тоа со пресврт од 7-6, 3-6, 2-6.
Турнирот во Монте Карло започнува на 14 април, а Ѓоковиќ потоа ќе настапи на турнирите во Мадрид и Рим, од каде што ќе го започне походот кон нова титула на Ролан Гарос, вториот овосезонски Гренд слем.
Стартот на Отвореното првенство на Франција е закажан за 20 мај, а ќе трае до 9 јуни.