Уште останува нејасно дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија опен, иако денеска е последен ден за пријава на Гренд слем турнирот во Мелбурн. Иако не се знае дали Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн, јасно е дека најдобриот тенисер во светот, во 2022 година ќе започне на австралиско тло.
Ноле се најде на списокот на учесници на таканаречениот АТП куп, кој ќе се игра во Сиднеј и тоа од 1 до 9 јануари. Ѓоковиќ е пријавен да биде дел од турнирот во Сиднеј, но сепак тоа не значи дека ќе игра и во Мелбурн.
Сиднеј не е во иста австралиска држава како Мелбурн и таму не важат истите правила за вакцинација како во државата Викторија. Сепак, фактот дека Ноле ќе биде во Австралија на почетокот на годината, дава поголема веројатност дека сепак ќе се најде на списокот на учесници во Мелбурн и дека ќе го брани тронот на Австралија опен.