26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ѓоковиќ се расплака и испрати порака до најблиските на убиените деца во Белград (Фото)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, после победата на својот прв меч на Мастерсот во Рим, за денешниот празник „Свети Василије Острошки“ испрати порака со молитва за убиените деца во основното училиште во Белград, а додека даваше изјава, не можеше да ги запре солзите.

„За жал, немав прилика порано јавно да се обратам за масакрот во училиштето во Белград. Најискрено сочувство до семејствата на убиените деца. Јас како татко, можам да замислам како се чувствуваат. Им посакувам сила и љубов, се надевам дека ќе го преболат ова“ – изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести