Ѓоковиќ се тресеше од замор, но го слушна гласот на син му, и доби сила да го победи Медведев (Видео)

Новак Ѓоковиќ попладнево го победи Данил Медведев во третото коло по групи на Мастерсот во Париз, а српскиот тенисер ги исплаши своите фанови кога на една пауза меѓу два гејма, му се тресеше десната рака, најверојатно од замор.

Кога тресењето престана и Новак успеа да ја пресоблече испотената маица, се слушна како добива поддршка од трибините, и тоа од неговиот син Стефан кој извика: „Ајде тато“.

Веројатно гласот на Стефан му даде сила на Новак не само да издржи до крај, туку и да го победи Русинот во меч кој траеше три часа. Во третиот сет, при 5-4, Медведев сервираше за меч, но Ѓоковиќ направи брејк и подоцна славеше во тај-брејк.

- Оглас -

Најнови вести