Ѓоковиќ се врати на теренот и го „смачка“ противникот

Новак Ѓоковиќ повторно е на теренот и повторно победува. Најдобриот играч на АТП-листата со лесна победа го започна АТП-турнирот во Токио. Во првото коло Србинот со 6:4, 6:2 лесно го победи Алексеј Попирин. За Ѓоковиќ ова беше прв официјален меч по осминафиналниот дуел на Отвореното првенство на САД, кој мораше да го предаде поради повреда.

На Ѓоковиќ му беше потребно малку време за да се загрее и за да влезе во потребниот ритам, па беше нерешено до 4:4 во гемови. Кога беше најпотребно, Новак го направи потребниот брејк, а потоа го освои и сетот. Во вториот сет беше многу полесно за фаворитот, па на крајот за помалку од еден и пол час стигна до триумф.

- Оглас -

Најнови вести