Ѓоковиќ се жалеше дека не може да дише, се „караше“ со својот стручен штаб, а на крајот победи (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако со 3:0 во сетови го победи Томас Махач од Чешка. Ова е прва „чиста“ победа за Србинов сезонава во Мелбурн, откако во првите два меча играше по четири сета.

Ваквиот убедлив триумф треба дополнително да му ја зголеми самодовербата на Ѓоковиќ, посебно затоа што пред нецела година тој загуби од Махач на турнирот во Женева.

Одлично започна фаворитот и во првиот сет доминираше добивајќи го со 6:1. Потоа во вториот сет започнаа здравствени проблеми за Ѓоковиќ. се пожали на болка во ногата, но и тоа дека има проблеми со дишењето. Затоа беше повикан и медицински тајм-аут кога му беше дадена и пумпиза за дишење.

И покрај проблемите што ги имаше и негативата од 0:2 во гемови во вториот сет, Ѓоковиќ се фокусираше и стигна до 4:2, а потоа рутински до одработи сетот за 6:4. Во овој сет тој имаше и неколку дофрлувања со лутење кон неговиот стручен штаб.

Во третиот сет уште на стартот Новак направи брејк и потоа рутински одработи за 6:4 и победа од 3:0 во сетови.

Без пробеми во следното коло се пласираа и Томи Пол, Карлос Алкарас, Александер Зверев, Давидович-Фокина и Лехечка.

- Оглас -

Најнови вести