Најуспешниот тенисер во историјата на Отвореното првенство на Австралија, Новак Ѓоковиќ, годинава ќе биде дури седми носител на неговиот омилен турнир во Мелбурн.
Ова значи дека е можно Новак да има многу тежок пат до титулата. Теоретски, најцрното можно сценарио за Ѓоковиќ е на пример во четвртфиналето да налета на Александер Зверев, во полуфиналето да игра со Карлос Алкараз, а во финалето со Јаник Синер.
Ждрепката е на 9-ти јануари.