Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до ново финале на Ролан Гарос откако со 3:0 во сетови загуби од најобриот тенисер во светот во моментов, Јаник Синер. Италијанскиот тенисер славеше со 3:0 во сетови и тоа со 6:4, 7:5 и 7:6, а по мечот Ѓоковиќ зборуваше за тоа како го поминал овој турнир.
„Сакам да се заблагодарам на подршката која ја добив вечерва. Мислам дека никогаш досега не сум имал толкава подршка во кариерата на овој стадион. Почестен сум. Секаако дека не сум среќен поради поразот, но се обидов да покажам благодарност кон публиката. Тие ми беа голема подршка и ми даваа сила да продолжам да се борам. Му честитам на Јаник за уште еден добар меч. Заслужи, бидејќи издржа и во тешките моменти која целиот стадион беше против него. Спаси и сет топка, најде добри удари и покажа зошто е број 1 во светот“, рече Ѓоковиќ по мечот во полуфиналето.
Запрашан дали следната сезона ќе се врати на Ролан Гарос, Ѓоковиќ не беше многу сигурен.
„Можеби ова беше мојот последен меч тука. Не знам. Емотивен сум. Ако ова беше мојот последен меч тука, тогаш беше одличен, барем кога се работи за атмосферата. Не знам што ќе донесе иднината и како ќе се однесува моето тело до следната година. Сега следува Вимблдон кој беше мојот омилен турнир од детството. Ќе се обидам да се подготвам најдобро што можам“, додаде Ѓоковиќ.