8.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Ѓоковиќ шокираше со прогнозата кој ќе го освои СП во фудбал и со кого ќе игра во финале (Видео)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, даде смело предвидување за Светското првенство во фудбал, кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Како што објави ESPN, Ѓоковиќ за време на престојот во Абу Даби пред последната трка во Формула 1, запрашан да предвиди кој ќе биде светски шампион, одговорил како од топ: „Португалија! Тие ќе го победат Мексико во финалето“, рече тој.

Аргентина е светски првак и таа е една од селекциите заедно со Франција, Шпанија, Англија, на кои им се даваат поголеми шанси отколку на Португалија. Можеби пријателството со Кристијано Роналдо е причина Новак да верува дека најдобриот стрелец на своето последно СП ќе го освои единствениот важен пехар кој му фали во кариерата. Уште пошокантна е прогнозата дека Мексико ќе стигне до финалето. 

- Оглас -

Најнови вести